По познатиот случај со Сашко Богоевски, кој во самоодбрана усмрти провалник, Тома Фила, еден од најпознатите адвокати во Србија, кој има потекло од Македонија, изнесе мислење дека е целосно бесмислено правото на некој што напаѓа во очите на Обвинителството да биде пред правото на оној што е нападнат.
„Ние имаме шробем уште од времето на социјализмот да разјасниме што е тоа нужна одбрана. Тогаш владееше доктрината дека не може приватниот имот да биде поважен од било чиј живот. Јас често патувам, па сопругата ми останува сама дома. Чувам пиштол покрај вратата и и’ реков: ‘Ако некој упадне, пукај и не прашувај зошто влегол’. Полесно ќе те извадам од затвор отколку од гроб’, наведе тогаш Фила, а пренесеува „Глас Србије“.
Адвокатот Фила истакнува дека темата самоодбрана треба сериозно да се поведе во јавноста.
„Ако некој упадне во вашиот стан, треба ли да го прашате: ‘Дали дојде да ме убиеш?’. Или, ако е жена: ‘Дали дојде да ме силуваш?’. Па, потоа, ако рече: ‘Дојдов да те силувам’, тогаш дозволено е да му удриш шлаканица, а ако провалникот ти рече дека дошол да те убие, тогаш е во ред да се пука“, вели Фила.