Осуденик накратко умрел, па побарал да му ја укинат доживотната казна затвор: „Сум ја издржал казната“ – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/19 11:05 AM

Осуденик накратко умрел, па побарал да му ја укинат доживотната казна затвор: „Сум ја издржал казната“

Американски суд го отфрли барањето на осуденикот Бенџамин Шрејбер (66) да му биде укината доживотната затворска казна поради убиство во 1996 година во сојузната држава Ајова.

Барањето до судот го доставил бидејќи пред четири години, додека ја издржувал затворската казна, во тек на болнички оперативен зафат, кога боледувал од сепса, престанало да му работи срцето. Потоа лекарите успеале да го реанимираат и пак бил вратен во затвор на доиздржување на доживотната казна.

Бенџамин смета дека, бидејќи веќе еднаш урел, со тоа му завршила доживотната казна и побарал ослободување. Судот, пак, го отфрлил неговото барање со образаложение дека барањето, иако е оригинално, не е доволно уверливо и оти е малку веројатно дека умрел зашто ги потпишал медицинските документи потоа и закрепнал по операцијата.