Синоќа, околу 19 ч. во Стопански двор на „Водовод“ избил пожар во кој изгореа неколку возила од возниот парк на кочанското комунално јавно претпријатие.
Според информациите на Територијалната противпожарна единица – Кочани, станува збор за поголема интервенција во која поради запалување на резервоарот на едно од возилата дошло и до експлоазија. Единицата интервенирала брзо со две противпожарни возила, по што за кратко пожарот бил ставен под контрола.
Огнот зафатил трактор, ѓубрарка, камион и дигалка „ивеко“,од кои едно е целосно опожарено и нефункционално.
Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев соопшти дека пожарникаритеспречиле несреќа од многу поголеми размери и последици.
– Ќе почекаме да се утврдат причините за пожарот, но ова е уште една потврда за ризикот што го носат старите комунални возила со кои работи „Водовод“, поради што ќе продолжиме со поинтензивно обновување на возниот парк – изјави Илијев.
Увидни екипи од Министерството за внатрешни работи ги истражуваат причините за пожарот.