Почна работниот дел на состанокот на лидерите на Западен Балкан – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/19 10:54 AM

Почна работниот дел на состанокот на лидерите на Западен Балкан

Почна работниот дел на состанокот на лидерите на Западен Балкан во Охрид. На состанокот на кој домаќин е премиерот Зоран Заев, присутни се српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

На состанокот во Охрид ќе биде презентирана вчера утврдената декларација со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка и за остварување на заедничката цел- членство во ЕУ.

Според агендата, ќе се одржи и пленарна сесија со претставници на Европската Унија, Советот за регионална соработка, на Светската Банка, на Европската банка за обнова и развој, на Европската инвестициска банка, по што ќе следува заедничка прес-конференција.