Тачи нема да биде дел од трилатералната средба во Охрид – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/19 10:05 AM

Тачи нема да биде дел од трилатералната средба во Охрид

Претседателот на привремените институции во Приштина, Хашим Тачи, соопштил дека Косово нема да учествува на состанокот на лидерите на Западен Балкан во Охрид, пренесува РТК2.

Во телефонски разговор, Тачи му порачал на премиерот на  Македонија, Зоран Заев, дека таканареченото Косово не учествува на самитот, соопшти кабинетот на Тачи.

Трилатералната средба на српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, се одржа вечерва во Охрид, посветена на иницијативата за слободно движење на луѓе, добра, услуги и капитал.

На лидерите на трите земји денес треба да им се придружи Претседателот на министрите на Советот на БиХ, Денис Звиздиќ, додека Црна Гора, која има резерви околу иницијативата, ќе ја претставува министерката за економија Драгица Секулиќ.

Учеството на Косово, за кое инсистира Албанија, досега е доведено во прашање.

Вистинските причини за отсуството на Тачи беа објавени на Фејсбук

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, на Фејсбук објави дека одби да присуствува на самитот во Охрид, наведувајќи дека т.н. Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со ниту една регионална иницијатива.

Тој исто така рече дека на првиот самит на оваа нова регионална иницијатива, Србија „намерно го занемарила Косово“, известува Косово онлајн.

Тачи исто така рече дека оваа регионална иницијатива е „безначајна“ сè додека Србија и Босна и Херцеговина не ја признаат независноста на Косово.

„Ние сме посветени на надминување на сегашните пречки преку дијалог и меѓусебно признавање. Само кога тоа ќе се случи, ќе станеме дел од ваквите регионални иницијативи како еднаква држава“, напиша Тачи.

Според Косово онлајн, тој го критикувал албанскиот премиер Еди Рама за присуството на самитот во Охрид, каде изјавил дека „Република Косово не е призната“.

Преземено од : Фактор