Бомба тешка еден тон откриена во Црна Гора – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/19 5:22 PM

Бомба тешка еден тон откриена во Црна Гора

Неексплодирана авионска бомба од Втората светска војна, тешка еден тон, денеска е откриена при градежни работи на автпат во Црна Гора, објавија црногорските медиуми.

Припадници на единицата за вонредни ситуации ја отстраниле експлозивната направа и таа ќе биде деминирана. Бомбата имала два детoнатора.

Движењето на сообраќајот било еден и пол час во прекин поради поголема безбедност при транспортот на бомбата.