Се одржа јубилејниот 10-ти Републички натпревар во табла за лицата со телесен инвалидитет – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/19 5:04 PM

Се одржа јубилејниот 10-ти Републички натпревар во табла за лицата со телесен инвалидитет

Никола Марачков од Гевгелија, Сулејман Дестани од Струга и Ванчо Каранфилов од Скопје се освојувачи на првите три места на 10-тиот јубилеен Републички натпревар во табла што го организира Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност” Тетово и Гостивар за членовите на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија”. На турнирот учествува 32 натпреварувачи од 10 здруженија.

Турнирот и средбата беа можност лицата од здружението и Националниот сојуз да се сретнат со претставници на општините и државните инститиуции со цел да се продискутира за потребите на лицата со инвалидитетност.

-Во текот на 2019 има нови референтни цени за ортопедски помагала за ампутации над колена и протези, но тоа е потребно да биде и за инвалидските колички. Нашите потреби се стара болка. Законот за правата на инвалидни лица во 2011 е ратификуван и потпишан Собранието и треба да се имплементира. Почнува да се работи, оди бавно ама се работи на нешто. Не е е идеално, тешко ни е нам со инвадлиски колички и ортопедски помагала но и за други лица со потешкотии во движењето. Ама се надевам дека свеста се развива и дека тоа ќе се подобри, изјави Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност” Тетово и Гостивар.

-Републичкиот натпревар во табла е еден од настаните каде лицата со телесен инвалидите ја покажувааат социјалната инклузија и можноста преку натпреварувачки активности да станат дел од општеството онаму во принцип каде не можеме да бидеме еднакви со сите други. Можност исто така да се разменат информации со луѓето од институциите за нашите потреби и подобрување на правата и можностите на лицата со инвалидитет, рече Бранимир Јовановски, претседател на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија”.

Пред присутните зборуваа и претставници на опшините Тетово и Брвеница и на Собранието.

-Добра прилика да се запознаеме со потребите, ние како носители на јавни функции да се залагаме да се подобат условите во институции на нашите сограѓаните сите свои обврски да ги обавуваат непречено, рече Енвер Пајазити, градоначалник на Општина Брвеница

Раководителот на Сектор за јавни дејности во општина Тетово, Ахмед Ќазими рече дека од неодамна во зградата на Општина Тетово има лифт со кој лицата со инвалидски колички ќе може да влезат во објектот и да одат до инстуциите. Но, како што рече, тоа не е доволно и прават обиди сите институции, школи и градинки да имаат соодветен пристап.

-Ќе го поддржиме законот за градење со цел да се олесни пристапот на лицата со инвалидитет. Во иднина се надевам на поголема соработка со цел сите луѓе да се почувствуваат еднакви и дека се дел од оваа држава, изјави Татјана Лалчевска, пратеник во Собранието.

Од 15 до 17 ноември во Банско, Општина Струмица ќе се одржи Републички квиз за лицата со инвалидитет.