Познатиот речник Колинс го прогласи „климатски протести“ за збор на годината за 2019, посочувајќи дека употребата на терминот тројни се зголемила во текот на изминатата година.
Компанијата со седиште во Глазгов анализирала Интернeт страници, дневни весници, списанија и социјални медиуми за да утврди кој англиски збор забележал најголем скок во употребата.
Терминот, најчесто поврзан со глобалното климатско движење на младите предводено од 16-годишната Швеѓанка Грета Тунберг, ги опишува ученичките протести во кои учествуваат деца кои тој ден не одат на училиште, а возрасните не одат на работа, со цел да повикаат на побрза акција против климатските закани.
Младите активисти велат дека изборот на зборот на годината е показател дека нивните напори за подигнување на свеста за глобалните климатски ризици функционираат.
Климатските протести оваа година собраа милиони учесници низ целиот свет.
Терминот „климатски протест“ првпат се појави во еден документ во 2015 година како опис на масовните протести што се совпаднаа со Конференцијата на ОН за Парискиот договор за климата.