Физичка пресметка во угостителски објект се случила вчеравечер. Во полициската станица Свети Николе пријавено било дека во угостителски објект на патот кон селото Немањици бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата Д.К.(32) од с.Кадрифаково, светиниколско и М.А.(38) од с.Мелница, општина Чашка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.