Од земјите во ЕУ, Финците најзадовони од животот, Хрватите претпоследни, а Бугарите последни – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/19 8:59 AM

Од земјите во ЕУ, Финците најзадовони од животот, Хрватите претпоследни, а Бугарите последни

Просечната оцена на квалитетот на животот на граѓаните во Европската унија во 2018 година изнесува 7,3, покажуваат последните податоци на „Еуростат“. На првото место се Финците, кои квалитетот на животот во нивната земја го оценуваат со 8,1, а по нив се Австријците, кои квалитетот на сопствениот живот го оцениле со 8,0. Од земјите во регионот, Словенците котираат највисоко. Тие квалитетот на животот си го оцениле со 7,3, исто каков што е и просекот на Унијата.

На самото дно од сите земји во ЕУ се Хрватска, која е претпоследна со 6,3, а Хрватите се позадоволни само од Бугарите, кои квалитетот на животот во нивната земја го оцениле само со просечна оцена од 5,4.