Владината мерка за субвенционирање на клими од 1000 евра во замена за печките на дрва уште не е започната иако грејната сезона веќе започна.
Владината мерка е заглавена во административните процедури во надлежните институции посочи градоначалничката на Тетово Теуата Арифи. Граѓаните со поделени мислења околу оваа мерка.
Мерката за субвенционирање на инвертер клима Владата ја усвои на седница на почетокот на минатиот месец, а е наменета за домаќинствата кои користат енергетски неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво, во 4 општини каде има загаден воздух, Тетово, Битола, Кичево и Скопје.
Зоран Димовски