Кинезите веќе почнаа да работат на 6Г интернет мрежа – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/19 1:30 PM

Кинезите веќе почнаа да работат на 6Г интернет мрежа

Иако сè уште е неизвесно кога 5Г-мрежата ќе биде достапна низ целиот свет, Пекинг веќе ги објави плановите за развој на 6Г-технологија со надеж дека ќе ја зацврсти својата доминација во безжичните врски ширум светот.

Кинеското Министерство за наука и технологија формираше два тима за развој на мрежата 6Г. Првата група поврзува неколку владини агенции, додека втората обединува повеќе од 30 експерти од различни универзитети, истражувачки центри и корпорации.

Говорејќи на првата средба за развој на 6Г-мрежата, вицепремиерот Ванг Си забележа дека актуелното глобално знаење останува во фаза на истражување и дека точната патека до мрежата 6Г сè уште не е јасна, јавија светските медиуми.

Сепак, Пекинг е решен да победи во трката за доминација во безжичната технологија и планира да претстави детален план за развој на мрежата 6Г.

Кинеските компании беа во жестока конкуренција со нивните ривали во САД и Јужна Кореја при развојот на 5Г-мрежата која ќе овозможи побрз интернет и понапредни паметни телефони. Минатата недела дури три оператори поддржани од државата почнаа да нудат „супербрзи“ 5Г услуги за кинеските клиенти, пренесува порталот „Кликс“.

Извор: denar.mk