Црна Гора не е заинтереирана за „малиот Шенген“, единствен економски простор во кој помеѓу земјите од западен Балкан треба да се одвива непречен проток на луѓе и стоки без задржување на границите. Црногорците својот официјален став и’ го предочија на институциите во Босна и Херцеговина преку амбасадата на БиХ во Црна Гора, пишуваат босански медиуми.
Црна Гора во документот наведува дека е задоволна со сегашното ниво на региоална соработка и оти стравува дека иницијативата што ја поттикнала Србија со Македонија и Албанија може за последица да има фрагментација во самиот западен Балкан.