Credit Suisse во десеттото издание на својот Глобален извештај за богатство во 2019 година, ги рангираше европските земји, односно направи список на земји со „количина на богатство“ по возрасно лице.
Според овој документ, најбогати се жителите на Швајцарија, со 564.653 долари по човек.
Следува Исланд со 380.868, Луксембург со 358.003 и Данска со 284.022 долари по човек.
Меѓу државите од поранешна Југославија, најдобро позиционирани се Словенија со 122.508 долари и Хрватска со 62.804 долари.
Босна и Херцеговина 27.873 долари, Северна Македонија со 25.723 долари, а Србија има 25.046 долари по глава на жител.
На дното на листата се Украина со 8.792 долари, Грузија со 12.609 долари и Молдавија со 12.804 долари.
Извор: denar.mk