Повик за старт на официјално мерење на веб портали – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/19 12:56 PM

Повик за старт на официјално мерење на веб портали

ИАБ Македонија ги повикува сите заинтересирани веб портали, кои сакаат да се вклучат во официјалниот систем за онлајн мерење  а кои досега не се пријавиле во ИАБ, тоа најдоцна да го сторат до 15ти ноември, кога се заклучува финалната листа на портали кои ќе почнат со мерење.

Официјалнот мерење на веб порталите е проект кој ИАБ Македонија го започна на почетокот на годината. По пат на тендерски процес беше избрана компанијата Ипсос како изведувач на мерењето.

Сите портали кои нема да се вклучат до наведениот датум ќе имаат дополнителни  трошоци за влез.

Во официјаното мерење досега се вклучени поголем дел од порталите во Македонија.

Сите кои сакаат да добијат повеќе информации и да се вклучат во мерењето можат тоа да го направат на е-меил адресата: frosina@iab.mk или на телефонскиот 071/ 392 719.