Премиерот Заев на состанокот на Светскиот економски форум во Женева – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/19 9:39 AM

Премиерот Заев на состанокот на Светскиот економски форум во Женева

Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе присуствува на состанокот на Светскиот економски форум во Женева на тема „Стратешки дијалог на Западен Балкан”.

Како што најави владината Прес-служба, на состанокот во Женева најавено е присуство на лидерите од Западен Балкан и претставници од поширокиот регион, на претставници од Европската комисија, од други организации и од организаторот, Светскиот економски форум.

За вечерва е предвидена работна вечера, а утре ќе има работна сесија на учесниците на Светскиот економски форум.

На состаноците, како што стои во соопштението, се очекува да се разговара за политичката и економската клима во Европа, за предизвиците и можностите на политички и економски план, за развојот на Западен Балкан и фокусот кон позитивна агенда за иднината на регионот.

МИА