Жена од Брајт (Австралија) во својот двор пронашла младенче за кое претпоставувала дека е од куче или, евентуално, од лисица. Ја разбудило плакањето на несреќното и многу уплашено животно.
Го сместила малото и симпатично животинче дома. Го нарекла Ванди. Побарала и помош на интернет зашто Ванди бил малку повреден, бидејќи, како што се утврдило подоцна, животинчето во дворот паднало од канџите на орел. По долгата расправа на социјалните мрежи, Ванди, освен на преглед кај ветеринар, била и на ДНК-тестирање. Се покажало дека се работи за динго, диво планинско австралиско куче, загрозен вид во изумирање.
Сега, Ванди, освен што е хит на социјалните мрежи, е дел од специјална програма на специјализирана фондација за зачувување на дингото, кое од 1992 година е законски заштитено во националните паркови на таа земја.