Можете да ја спремите на “илјада” начини, а еве неколку начини кои имаат корисен ефект врз дигестивниот систем, нервниот систем, регулацијата на тежината и холестеролот!
Зелката е исклучително разноврсен зеленчук кога станува збор за подготовка. Можете да ја изрендате за свежи салати, во азиската кујна се подготвува брзо пржена, често се динста, печена во рерна или кисела.
Здрави состојки и малку калории
Зелката има мала калориска вредност, но содржи протеини, влакна, витамини Ц, К, Б6, потоа калциум, калиум, магнезиум… Во мали количини содржи и витамин А, железо и рибофлавин.
Богата е со антиоксиданти, и други хранливи материи кои ја забрзуваат работата на метаболизмот и нервниот систем.
Ги намалува воспалителните процеси, и го стимулира производството на колаген кој е важен за здравјето на коските, мускулите и крвните садови, како и флексибилноста на кожата.
Виолетовата зелка е богата со растителни пигменти кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, како и фитостероли, кои го намалуваат нивото на штетен холестерол.
Извор: denar.mk