Дончев: Најавите за штрајк не се решение на проблемите кои ги имаат вработените во Фондот за здравствено осигурување – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/19 1:51 PM

Дончев: Најавите за штрајк не се решение на проблемите кои ги имаат вработените во Фондот за здравствено осигурување

Најавите за штрајк не се решение на проблемите кои ги имаат вработените во Фондот за здравствено осигурување, вели директорот Дончев. Во следниот период тој најави дека ќе превземат соодветни чекори со цел да се најде взаемно прифатливо решение.

Ова било одлучено на денешниот состанок помеѓу претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски и  директорот на Фондот, Ден Дончев. Состанокот следуваше откако вработените за утре најавија протест, доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Директорот на Фондот не потенцираше дали и покрај одржаниот состанок, вработените ќе излезат на протест.

„Имавме среда, договоривме одредени чекори кои заеднички ќе ги превземеме со цел да се најде заедничко прифатливо решение и тоа ќе го работиме во периодот кој следи, наредните две до три недели и верувам дека на крајот ќе излеземе со предлог кој ќе биде на општо задоволство. Јас ги разбирам нивните барања, но сметам дека најавите за штрајк не се начин да се решат тие проблеми, денеска мислма дека најдовме заеднички прифатлив јазик со кој ќе работиме заедно со цел да видиме заеднички што можеме да направиме во наредните две до три недели“, изјави Дончев.

Претходно од УПОЗ изјавија дека две години бараат зголемување на платите, а една година бараат да се потпише колективен договор и дека доколку тоа не биде прифатливо решение и нема договор за платите во четврток вработените на Фондот за здравствено осигурување ќе излезат на протест. Исто така Грујовски предупреди дека е можен штрајк доколку и во наредните денови не се дојде до решение.