Франција ќе воведе квоти за работниците од земји надвор од Европската унија, за оние што ќе добијат влез во земјата, рече денеска министерот за труд, Muriel Penicaud, известува Хина.
Penicaud појасни дека квотите ќе бидат утврдени до следното лето.
Таа додаде дека Владата ќе изготви список на релевантни занимања што ќе бидат опфатени со овие квоти, иако приоритет е враќањето на Французите на пазарот на трудот.
-Нашиот приоритет е да им помогнеме на Французите да се вратат на пазарот на трудот. Дури потоа ќе се свртиме кон бегалците и ќе им дозволиме да најдат работа, рече министерот.
Доколку и понатму има потреба од работната сила која моќе да им користи на државата и на деловните активности, истакна Penicaud, „луѓето што им се потребни ќе бидат донесени, во зависност од нивната струка и квалификации“.