Советничката Ленче Николовска го напушта кабинетот на премиерот – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/19 8:13 PM

Советничката Ленче Николовска го напушта кабинетот на премиерот

Ова попладнето го потврди и премиерот Зоран Заев.

Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање за оставката на неговата советничка за земјоделски политики Ленче Николовска и други вработени во Владата рече дека тоа се негови први соработници и дека продолжува соработката.

– Тоа се моите први соработници. Ние продолжуваме да бидеме први соработници. Знаете дека имаме одреден критичен основ дека се многу советници кај премиерот, иако тоа е една третина од тоа што го имаше Груевски. Се пуштија во делот на својата професија. Веќе имаме сосема поинакво општество, да се алоцираат онаму каде што можат да работат во приватниот сектор, да дадат свој придонес, рече Заев.

Ленче Николовска две годни беше посебен советник на премиерот за месечен износ од 50.000 денари. Во септември од опозициската ВМРО ДПМНЕ објавија дека нејзиниот син Илија Николовски е вработен во Фондот за иновации. Од таму појаснија дека младиот Николовски е ангажиран како надворешен соработник, не како вработен.