Пред штрајк и вработените во Фондот за здравствено осигурување – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/19 7:57 PM

Пред штрајк и вработените во Фондот за здравствено осигурување

Претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски, за НоваТВ потврди дека утре во 9 часот е договорена средба со директорите на Фондот Ден Дончев и Рамадани Орхан.

Доколку се најде решение нема да има протест, но доколку до утре до 12 часот не се договорат, в четврток ќе има протест така што шалтерите ќе бидат затворени.

– Две години бараме да се зголеми платата, една година бараме да се потпише колективниот договор, вработените се револтирани и ако до утре до 12 часот нема прифатливо решение и не се договориме да се зголемат платите, тогаш во четврток ќе има протест  – изјави Пеце Грујовски од УПОЗ.

Доколку и во наредните денови не се дојде до решение, ќе се размислува и за штрајк.

(НоваТВ)