Иницијативата за една изборна единица станува предлог закон – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/19 7:54 PM

Иницијативата за една изборна единица станува предлог закон

Дури и да нема согласност од сите големи партии, може да се изгласаат законските измени, со кои се воведува концептот на една изборна единица. Ова е ставот на премиерот  Зоран Заев, по дебата со политичките партии иницирана од 12 пратеници. Тие бараат една изборна единица и да нема изборен праг, како и отворени листи и 50 отсто застапеност на жените. На оваа средба не присуствуваа претседателите на ВМРО ДПМНЕ Христија Мицкоски и на ДУИ, Али Ахмети. Лилјана Поповска од ДОМ, која е еден од иницијаторите на дебатата, рече дека со денешниот настан, се зголемил и бројот на подджувачи на иницијативата на 15, која ќе се преточи во предлог закон.

– Иницијативата за една изборна единица останува на барањето за вклучување во преговорите за изборниот модел и законик воопшто. Едногласни сме за поддршката на една изборна единица како модел и согласни сме дека нема да гласаме за Изборниот законик без внесување на овој модел, изјави Поповска.

На средбата поддршка даде претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, кој рече дека со една изборна единица и со отворените листи победува слободата и демократијата.Упати и порака до колаиционерот ДУИ.

-ДУИ е мој коалиционен партнер и сакам да ѝ порачам дека албанската опозиција се здружува на терен. Со пропорционалниов изборен модел од 6 изборни единици, ДУИ се откажува од традиционалните гласачи во третата и четвртата единица“, ја повика Заев партијата на Али Ахмети да даде поддршка на иницијативата за промена на Изборниот законик и измените да се донесат пред парламентарните избори, рече Заев.

На средбата присуствуваше Даниела Рангелова, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ.При влегувањето во салата беше прашана дали е „претставничка на Христијан Мицкоски“.

-Не, не ме прати Мицкоски, сама дојдов. Доказ за тоа е што јас нема да го поддржам неговиот предлог за воведување мнозински изборен модел. Сакам да кажам нешто во однос на големите партии кои се претставуваат демократски. Граѓаните се изморија од двопартискиот систем. Видете ги анкетите, 40 отсто од граѓаните не сакаат да излезат да гласаат, рече Рангелова, која реагираше дека млаите партии прават фарса и се додворуваат на Заев.

-Да беше сега тука Мицкоски со малите партии, ќе кажеа браво Мицкоски, мнозинскиот систем е најдобар што вие го предлагате.Сега е време, а не за локалните избори. Веднаш треба да го отвориме Изборниот законик и да се видиме на дебата во Собранието. Во спротивно, ова е фарса и благодарам, другпат не доаѓам, рече Рангелова