Утре до 11 до 13 часот пред полицискта станица во Берово ќе се одржи протест на шумската полиција. Во исто време ќе протестираат и шумските полицајци во Скопје. Протестот, како што најавуваат од Независниот полициски синдикат е одраз на незадоволството од распоредување на околу 80 шумски полицајци од еден во друг град, што им создава дополнителни трошоци на полицајци кои и онака имаат мали плати.
Претседателот на Независниот полициски синдикат Гоце Делчев,рече дека шумските полицајци работат во лоши услови за 15.000 месечна плата и сега со трошоците за патување во друг град, со препраспределување, ќе дојдат до питачки стап. Синдикатот даде рок до петок да бидат вратени полицајците на нивите досегани работни места.
Задутре (четврток) ваков протест ќе биде одржан пред полициската станица во Делчево.