Во Храм во Подгорица е крстена првата транс личност – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/19 5:23 PM

Во Храм во Подгорица е крстена првата транс личност

Трансродовото лице, Вук Аџиќ е крстено во неделата во Храмот „Христово воскресение“ во Подгорица – информира претседателката на Управниот одбор на ЛГБТИ Форумот, Бојана Јокиќ. Според неа, Аџиќ е крстен со името Вук, иако во личната карта се’ уште го има женското име.

„Вук е трансродово момче, кое се’ уште нема поминато цеосно низ процесот на транзиција, но нема зборови со кои би го опишале ова чувство на среќа и гордост. Христијанската љубов ги победи сите разлики“, објави Јокиќ на својот фејсбук профил.

Според црногорските медиуми, Аџиќ бил крстен во носија,  а од невладиниот сектор велат дека ова е прв случај на крштевање на трансродово лице кое ја нема поминато транзицијата.

„Државата не е спремна да го прифати неговиот идентитет, па во документите се уште го има женското име, за разлика од Црквата. Затоа во крштеницата го пишува името Вук“, завршува Јокиќ.