И покрај апелите на возачите и експертите надлежните институции засега немаат конкренти одговори и проекти за реконструкција на патот Тетово – Гостивар. Оваа делница се нарекува Автопатот и се наплаќа патарина иако сообраќајницата има само две коловозни ленти преполна е со дупки и нема доволно заштитна ограда.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски засега нема конкренти информации кога ќе започне најавената реконструкција и проширување на автопатот.
Инаку патот Тетово-Гостивар е дел од коридорот 8 и е од големо значење за овој дел на државата каде што ги поврзува најголеми градови во западна Македонија.
Зоран Димовски