На 04.11.2019 во 14.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Пантелеј, кочанско, Л.Г.(61) од Кочани, при изведување на градежни работи на викендица, паднал од кровната конструкција, при што починал.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.