Балкански работи: Слика што ги разбесни Црногорците – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/19 11:37 AM

Балкански работи: Слика што ги разбесни Црногорците

Маж со инвалидитет падна од инвалидска количка од тротоар обидувајќи се да заобиколи непрописно паркиран автомобил на тротоарот во центарот на главниот град на Црна Гора, Подгорица.

Слика слична и на други балкански градови, само што од ова е направена и фотографија објавена на Фејсбук, која ги разбесни и Црногорците, поради односот на возачот на автомобилот, а и жители на соседните земји, каде што, исто така, фотографијата доби публицитет на социјалните мрежи.

На паднатиот маж му била укажана помош од минувачи и не е повреден од падот.