Проекции на „Џезмен“ во Софија и Пловдив – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/19 9:48 AM

Проекции на „Џезмен“ во Софија и Пловдив

Документарниот филм „Џезмен“ на режисерот Аљоша Симјановски вечер ќе биде прикажан во кино „Одеон“ во Софија, а утревечер  и во Домот на киното во Пловдив. „Џезмен“ е проект – документарна сторија за живот посветен на уметноста на џезот, која ја раскажува новинарот, Велибор Педевски.

Македонскиот Културно-информативен центар во Софија информира дека на проекцијата во Софија, покрај режисерот Симјановски, ќе присуствуваат и продуцентот на филмот Љупчо Стојановски и извршниот продуцент Горан Цветковиќ, кои ќе го претстават филмот пред софиската публика.

Во филмот учествуваат: Велибор Педевски, Милчо Левиев, Вадада, Лео Смит, Реџи Николсон, Реџи Воркмен, Ентони Брекстон, Сесил Тејлор, Брендон Рос, Греам Хејнс, Даг Вајзелман, Влатко Стефановски, Љупчо Поповски, Тимчо Апостолов, Марко Коловски, Оливер Белопета, Душан Која Коиќ.