Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и во Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 20 часот и 56 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 40 км западно од Скопје, во подрачјето на Гостивар.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.2. Земјотресот беше почувствуван од населението во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје, Неготино земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени според истата скала.