Кучиња-скитници за две ноќи му го заклаа стадото овци на сточар од Нови Пазар – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/19 1:24 PM

Кучиња-скитници за две ноќи му го заклаа стадото овци на сточар од Нови Пазар

Откако пред две ноќи му заклаа 13 овци, бездомни кучиња ноќеска повторно влегле во стадото овци на Халко Папиќ и заклале уште девет овци.

Пред два дена чопор од десетина бездомни кучиња, при првиот пробив во трлото на домаќинот Халко Папиќ на периферијата на Нови Пазар, беа распарчени седум овци, а шест тешко повредиле. И повредените и изгризаните овци мора да бидат „успиени“ со инјекции, бидејќи најверојантно се заразени и било невозможно да се излечат, пишуваат срските медиуми.

Домаќинот вели дека се обидел да го одбрани стадото, но кучињата-скитници го нападнале и него. Одвај се одбранил со дрвена палка што ја држел во рацете.

„ Две ноќи во моето стадо е колеж. Не знам што се случува. Ќе не’ заштити ли некој. Се плашиме и за нашите животи зашто овие диви кучиња ги има секоја ноќ. Призорите се ужасни. Некои од распарчените овци даваа знаци на живот. Стадото во објектот беше добро заштитено, но кучињата, сепак, успеваат да се пробијат. Очаен сум, само неколку овци ги преживеаја двата колежа. Штетата е голема, а жал ми е и за овците“, вели Папиќ.

Семејството Папиќ вчера го посетиле републчки ветеринарни инспектори и претставници на општината, но дивите кучиња, очигледно, не се исплашиле ни од нив.