Харадинај: Србија мора да го сопре лудилото со вооружувањето додека не е доцна – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/19 1:21 PM

Харадинај: Србија мора да го сопре лудилото со вооружувањето додека не е доцна

Рамуш Харадинај, кој се’ уште ја извршува функцијата премиер на Косово, на својот Фејсбук-профил објавил дека вооружувањето на Србија е директна закана за Косово.

„Континуираното вооружување на Србија со воена опрема од Русија и од Кина е директна закана за Косово, за кревкиот мир во регионот и за евроатлантската перспктива. Србија мора да престане со тоа лудило додека не биде доцна“, напишал Харадинај, а пренесува приштински „Коха диторе“.