Поради интимна врска со вработена, „Мекдоналдс“ го отпушти извршниот директор – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/19 1:18 PM

Поради интимна врска со вработена, „Мекдоналдс“ го отпушти извршниот директор

Познатиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ го отпушти извршниот директор Стивен Истербрук поради интимна врска со вработеа што претставувало кршење на политиката на компанијата, која им забранува на менаџерите да имаат романтични врски со вработени.

Во меил што го испратил до колегите, Истербрук признал дека е во врска со вработена и оти тоа било грешка. Компанијата не соопштува повеќе детали за случајот, пренесува АП.