Нуредини ги избегна новинарите, немал време да одговара на прашања – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/19 12:54 PM

Нуредини ги избегна новинарите, немал време да одговара на прашања

Министерот за животна средина Насер Нуредини повторно ги одбегна новинарите, игнорирајќи го нивниот интерес за состјбата со аерозагадувањето во земјава, која зазема алармантни размери.

Откако Нуредини на презентацијата на Третиот преглед на состојбите со животната средина се обрати на англиски јазик, ги избегна новинарите со образложение дека нема време.

Инаку, ова е продолжение на практиката на министерот заедно со неговата портпаролка да ги ескивираат новинарите, бидејќи, како што образложија, за да излезат во јавност потребно е претходно консултирање за да се подготват за темата за која ќе дискутираат со новинарите.

Преземено од: Фокус