Ракот на дојка може да се открие пет години пред да се појават првите симптоми – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/19 12:43 PM

Ракот на дојка може да се открие пет години пред да се појават првите симптоми

Истражувањето кое го спровеле британски научници покажало дека има имунолошки одговор на нашиот организам од туморните клетки на ракот на дојка кои може да се откријат пред развој на болеста.

Карциномот на дојка би можел да биде откриен пет години пред да се појават првите клинички знаци, благодарејќи на тестот на крвта кој би можел да ја одреди имунолошката реакција на телото на клетките на туморот.

Овие резултати од истражувањето преттавени се на националната конференција за ракот во Глазгов. Меѓутоа, онколозите предупредуваат дека овие резултати треба да се земат со резерва.

Истражувањето е плод на работата на истражувачите од Медицинското училиште од Универзитетот Нотингем кои се фокусира на испитување на материјата позната како антигени. Клетките на ракот го активираат имуниот одговор кај луѓето, односно го провоцираат нашиот имунолошки систем да произведува авто – антитела кои целат и се обидуваат да ги бликираат непријателските антигени.

Истражувачите сакале да утврдат дали е можно да откријат присуство на специфични авто – антитела кај пациентите и дали се прозиведуваат антигени од клетките на туморот. Тимот земал примероци од крв од 90 пациенти кој кои само што е дијагностицирано рак на дојка и ги употребиле со примероците земени од контролната група од 90 пациенти кои немаат дијагностицирано рак на дојка.

Карциномот на дојка е докажан на 37 отсто од примероците на крв земени од заболени пациенти, но важно е дека во 79 отсто од примероците на контролната група потврдено е дека нема клетки на рак. Истражувачите веруваат дека овие охрабрувачки резултати кои укажуваат дека ќе биде можно рано откривање рак на дојка по пат на анализи на крвта.

Истражувачите успеале да потврдат присуство на антигени во 37 отсто примероци на крв.

Останатите учесници на конференцијата апелираат на внимание во толкување на овие резултати.

„Ова се очигледно прелиминарни податоци и ќе биде потребно многу повеќе истражувања пред со сигурност може да се тврди дека ова претставува значаен напредок во раното откривање на ракот“, напоменува еден професор од Униврзитетот.