Последните неколку години се поголем е бројот на граѓани на Италија, посебно од јужниот дел, кои нудат бесплатни куќи или само за едно евро, со надеж дека ќе привлечат нови жители. Во таа низа се приклучил и градот Камарата, преубаво средновековно место на Сицилија, чие население опаѓа со години.
Italian town of Cammarata offers free houses to lure new residents – CNN https://t.co/61vj0rQINt pic.twitter.com/D1LK4YUrAd
— jamespch (@jamespechs) November 2, 2019
Властите на Камарата, за разлика од Самбука на Сицилија или населбата Цунголи во рамките на Авелино во Кампаниј, се еден чекор понапред, па од идните жители не бараат ниту едно евро, колку што е потребно да одвојат за дом во веќе споменатото место. Во Камарата куќите се потполно бесплатни.
Како што објаснил градоначалникот Виченцо Џиамброне за Си Ен Ен, претходните три години ги поминал барајќи ги сопствениците на веќе напуштените куќи и убедувајќи ги бесплатно да ги предадат клучевите на новите жители.
„Не можам да поднесам овој преубав, стар историски центар да се празни и да се претвори во пустеш, тоа ме боли“, изјавил Џиамброне.
Според неговите зборови, во градот има стотици слободни куќи, а „наскоро ќе има уште“. Моментално идните нови жители имаат на располагање десетина домови.
Новите жители ќе мора да исполнат неколку услови, мораат да обврзат дека ќе го реновираат домот во рок од три години откако ќе ја купат, како и тоа дека ќе мора уплатат депозит од 5.000 евра кој ќе им биде вратен кога работата ќе им биде завршена. Исто така, ќе мораат да претстават јасен предлог за обнова на недвижни.
Предност имаат младите парови со деца, додека оние кои ќе добијат бебе ќе имаат бонус од 1000 евра.
Новите жители можат да ги претворат повеќе катниците во приватна куќа, пансион, хотел, продавници или ресторан.