Тетовските власти немаат абер за изградба на обиколница – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/19 10:43 AM

Тетовските власти немаат абер за изградба на обиколница

Речиси завршува градежната сезона, но на терен нема никакви активности околу најавеното пробивање на булеварите „Индустриска“ и „Благоја Тоска“ во Тетово. За изградба на обиколница за овој град, засега општинските власти немаат абер.


Министерот за транспорт и  врски Горан Сугаревски, вели дека владата би сакала да инвестира во изградба на обиколница, но за тоа најпрвин треба општината да изготви проект.

Од Општина Тетово немаа ниту идеја за израдба на обиколница, а ветувањата дека ќе ги пробие булеварите не ги остварува. Експертите сметаат дека најдобро е обиколница да се изгради од тетовската касарна па се до село Порој и истата би се споила со булеварот „Индустриска“.

Инаку проценките говорат дека во градот бројот на возила достигнал до 60 000, а сообраќајната инфраструктура со децении е иста.

Зоран Димовски