Облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни (локално над 20л/м2). Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, е прогнозата на УХМР за денеска. Утринската температура ќе биде помеѓу 8 и 14 степени, а максималната дневна во Демир Капија ќе достигне до 19, во Гевгелија и во Штип до 18, во Скопје до 17, во Битола до 16, во Охрид до 15…
Утре и задутре не’ очекува сончево и потопло врме со максимални температури до 23 степени. Слично ќе биде и в четврток, кога максималната температура се очекува да достигне до 22 степена, со тоа што во попладневните часови во западните делови ќе има услови за локален дожд.
В петок, пак, не’очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и максимална температура до 19 степени.