Макрон ги навреди Бугарите – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/19 7:22 PM

Макрон ги навреди Бугарите

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева му нареди на бугарскиот амбасадор во Франција, Ангел Чолаков, да достави протестна нота до француското Министерство за надворешни работи, за зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон за екстремно десничарското француско издание на Валор актелеле дека повеќе би сакал африкански мигранти во змејата отколки  нелегални украински или бугарски банди,

Министерството за надворешни работи ( МНР)  го повика и францускиот амбасадор во Бугарија, Фиренца Робин, за објаснувања, соопшти МНР.

Интервјуто на Макрон предизвика остра реакција кај целиот новинарски еснаф во Франција. Авторитативниот неделник „Лобсерватер“ истакнува дека „ ова е првпат францускиот претседател да даде интервју за екстремно десничарските медиуми “..

„Со ова интервју, Макрон се сврти нагло надесно “, напиша левоориентираниот весник „Ослободување“. Има и остри коментари во весниците Ле Паризиен и Ле Фигаро.

Претходно денес, Министерството за надворешни работи на Украина го повика францускиот амбасадор да ги објасни зборовите на Макрон за „украинските банди“. Ова го соопшти портпаролката на Министерството, Екатерина Зеленко, цитирана од БГНЕС.