По упатеното писмо од сопствениците на текстилни фабрики за работа во празник и продолжување на работното време, премирот Зоран Заев рече дека што и да се договора, треба да биде во рамките на Законот за работни односи. Според него, тоа е една вечна борба владата многу често е и медијатор.
-Верувам дека може да има барања какви и да сакаат работодавачите, но, тоа мора да биде прифатено од синдикатите, од работниците затоа што ако е изнасилено, ќе има отпор од другата страна, без разлика од која страна доаѓа тоа барање. Само по пат на договор, има задоволство од работата има профитабилност има корист секако за работниците и работодавачите во ваквиот случај, апелирам да седнат да е договорат и секако законот за работните односи да се почитува. И секако многу е значајно, исто така, ако се договорат двете страни да работат за време на празници или да работат дополнително, се разбира дека тоа мора да биде екстра, со екстра заработка, платено на работниците и во согласност и во договор со нив. Никако изнасилено, затоа што тоа е казниво по закон,изјави Заев.