Нема легализација за едно евро квадрат – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/19 12:04 PM

Нема легализација за едно евро квадрат

Се подготвува нов закон за легализација, со кој ќе се озаконат дивоградбите. Но, нема да се примени цената од едно евро за квадрат, туку покрај одредената цена, сопствениците на дивоиградените објекти, ќе платат и казна. Премиерот Зоран Заев денеска од Штип појасни во износи што ќе значи легализацијата.
-Ако комуналиите се 3000 денари, ќе мора да се плати и казна од 50 отсто и со тоа комуналиите ќе бидат 4500 денари. Ќе има казна, затоа што не смее да одврати никој, којшто гради легално по пат на одобрение за градба. Така што јасна ќе биде казната. Она што очекувам е да се има во предвид социјалниот апсект. Сите социјални случаеви, сиромашни, ќе добијат поволности околу градбата, а секако ќе има алатки за решавање на објекти кои порано не биле решени. Еден дел е подземната канализација, подземната инфраструктура, кабелска канализација од секаков вид, дел електрична,поштенска, телекомуникациска… Со вакво решение ќе излеземе во пресрет на граѓаните, рече Заев.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугерески кажа дека мотивите за донесување на новиот закон е фактот дека во моментот се работи по закон со истечен рок од 31.12.2018 година.
-Значи општините работат по тој закон во делот на легализација, а тоа го прави и Министерството за транспорт и врски. И тие предмети, согласно динамиката, ќе продолжат да се работат, без разлика што тој закон е истечен. Законот што владата го најави и ресорното Министерството, апсолутно не е ист како и претходно. Јас подготвив информација, која ќе биде разгледана во вторник, за да биде разгледана на влада и веднаш потоа законот биде поднесен до влада и како предлог потоа до Собранието. Значи, има одредени работи, но да почекаме до вторник да ги разгледаме на влада, јас ќе ги изнесам и во јавноста и пред премиерот. Квадратот нема да биде едно евро, еден вид на казна од педесетина проценти,Унеско буквално ќе биде надвор од тој закон, за да нема дилеми дека нешто ќе се случува и понатаму таму. Лицата во социјален ризик се опфатени со тој закон, канализации итн. Но, добро е тој закон да помине прво на влада, рече Сугаревски.
На прашањето дали сепак ќе се даде можност да се легализираат домовите, министерот потврди.
-Апсолутно. Тоа е во договор од ЗЕЛС, го работевме во работни групи законот. Мораме да го решиме правниот статус на тие објекти. Две опции се – или правниот статус да се реши, или тие секаде треба да бидат урнати. По проценките и на владата и на ЗЕЛС, ние изнајдуваме можност како овие објекти да бидат решени. Нема да биде едно евро квадрат, туку ќе мора да бидат платени комуналиите. Ние мора да го решиме правниот статус. Ќе го земам за пример Штип. Има 4000 дивоградби во моментот. Ги има еден куп низ државата. Ние мора да ги решиме. Со забелешка – се’ што е со УНЕСКО, се’ што е внесено, ќе биде надвор од опфатот на овој закон, појасни Сугарески.