Изборите би можеле да го пролонгираат отворањето на граничниот премин Клепало – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/19 11:19 AM

Изборите би можеле да го пролонгираат отворањето на граничниот премин Клепало

Заврши рехабилитацијата на регионалниот пат Р1310 во должина од 6,2 километри на делницата Берово – граничен премин Клепало.

„Вредноста на инвестицијата е 75,7 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Покрај реконструкција и асфалтирање на дел од коловозот, во рамки на активностите се поставени и заштитни огради како и соодветна патна сигнализација“, соопшти градоначалникот Звонко Пекевски.

Од бугарска страна годинава треба да се асфалтираат последните километри од Струмјани до Клепало со што ќе бидат обезбедени сите предуслови за поврзување на луѓето од двете страни на границата.

Поради изборите во Бугарија и предвремените парламентарни избори кај нас, отворањето на граничниот премин Клепало би можело да се пролонгира на неодредено време.