Во Монако за прв пат одржана Манифестација за Македонците од Азурен брег – ММС
ММС

Објавено на: 11/1/19 7:55 PM

Во Монако за прв пат одржана Манифестација за Македонците од Азурен брег

Во салата Агора , во Монако на 30 октомври за прв пат беше одржана Манифестација за Македонците од Азурен брег. Во рамки на оваа манифестација ,се реализира  и прва средба на Македонците од овој дел на Франција а со младите беше изведен перформансот “Силјан штркот на пат кон Франција”-современа драмска игра по мотиви на познатата македонска приказна.

Манифестацијата е во продукција на Елена Голомеова, која е присутна во културниот живот на Азурен брег. Во реализацијата на проектот учествуваа македонски и француски  соработници од областа на културата.

Проектот е финансиран од Владата на РС Македонија , а успешната реализација беше помогната и од администрацијата на Азурен брег и од советникот на Принцот од Монако.