Со одложувањето на прогресивниот Владата ќе им подари 30-40 милиони евра на најбогатите во оваа држава! – ММС
ММС

Објавено на: 11/1/19 6:44 PM

Со одложувањето на прогресивниот Владата ќе им подари 30-40 милиони евра на најбогатите во оваа држава!

Поранешниот советник во министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ на својот профил на Фејсбук жестоко ја критикуваше одлуката на владата за одложување на прогресивниот данок.

Да бидеме начисто. Со одлуката да го „одложи“ прогресивниот данок, Владата ќе им даде 30-40 милиони евра на најбогатите 1% во оваа држава. Не на сиромашните, не на работниците, не на земјоделците, не на студентите, не на младите, туку на Заевци, Кочовци, Нини, Камчевци и Мијалковци.

И, ок, легитимно е. Легитимно е, па и логично, Влада водена од богаташи, да се грижи за богатите, а не за сиромашните.

Ама немојте да кажувате дека сте левичари и дека се залагате за социјална правда. Немојте да зборувате дека се залагате за подобро здравство, подобро образование и еднакви можности за сите. Немојте да тврдите дека се застапувате за сиромашните, работниците, земјоделците, студентите, обичните луѓе, народот.

И немојте да ги барате нивните гласови на следните избори. И немојте да се изненадите кога тие нема да гласаат за вас. И кога ќе завршите неславно, како најкратката Влада во историјата на оваа земја. Зашто, како што кажал нашиот народ, што сеете, тоа и ќе жнеете“, вели Јовановиќ во својот напис на Фејсбујк.

По оваа одлука, преку Фејсбук регираше и екс-министерот за финансии Драган Тевдовски.

При промоцијата на оваа мерка тогаш Теводовски рече дека стапката за прогресивен данок ќе биде дополнителни 8 отсто за доходот над прагот од 90.000 денари, односно ако некој има месечна плата од 100.000 денари, данокот на доход до сумата од 90.000 денари ќе се пресметува по стапка од 10 отсто, а остатокот од сумата со стапка од 18 отсто.

Бранимир Јовановиќ, поранешен советник на премиерот Зоран Заев, исто така денеска објави статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ во врска со „одложување“ на прогресивниот данок. Тој смета дека со ова одложување, Владата им дава 30-40 милиони евра на најбогатите во земјава, кои се 1%.