1,5% од младата популација се доживува како транс родови, а 4,5 како ЛГБТ популација. Четири пати е поголем процентот на искусување насилство на ЛГБТ младите од нивните врсници, а исто така неколку кратен е процентот и на домашно насилство, покажуваат публикуваните резулати од последната „ХаБеЕс“ студијата а се однесува на нееднаквосто в здравјето и правата на ЛГБТ младите.
Од Коалицијата МАРГИНИ, велат дека за прв пат добиле резултати колкав е процентот на тие кои што се доживуваат или имале хомосексуални и би искуства.
„Истражувањето за прв пат ни даде податоци бидејќи е работено на национален примерок помеѓу сите млади од 13 до 15 години, меѓу албански и македонски ученици исто така земено е во обѕир тој сразмер и резултатите се навистина загрижувачки. За прва пат добивме официјални податоци, досега барем за прв пат помеѓу оваа група на млади колкав е процентот на тие кои што се доживуваат или имале хомосексуални и би искуства, со што се проценти кои што се во согласност со светските проценти кои се појавуваат помеѓу популацијата и помеѓу младите. Исто така за прв пат имаме и за оние кои се чувстуваат како транс родови млади, чиј процент е исто така во склоп со светските податоци. 1,5% од младата популација се доживува како транс родови, а 4,5 како ЛГБТ популација (лезбејки, геј или би сексуални), вкупно кај момчињата и девојчињата“, вели Славчо Димитров од Коалиција МАРГИНИ.
Тој додава дека резултатите од истражувањето покажуваат голем несразмер помеѓу овие кои што се ЛГБТ младата популација и нивните хетеросексуални врсници, а се однесува на врсничко насилство. Ставовите на испитаниците на возраст од 11 до 15 години во однос на родовата едкавост исто така се загрижувачки велат од Коалицијата МАРГИНИ.
„Резултатите се поразувачки, она што го покажува истражувањето е голем несразмер помеѓу овие кои што се дел од ЛГБТ младата популација и нивните хетеросексуални врсници. Тоа се гледа на неколку нивоа, прво искуство на малтретирање и насилство што ги имаат во училиштата,помеѓу ЛГБТ младите имаме четири пати поголем процент на искусувањето на насилство, вклучува физичко, навредување и сајбер булинг кој што го трпат од своите врсници. Исто така неколку кратен е и процентот на домашно насилство, малтретирање, тепање и шамари. Шест пати ЛГБТ младите покажува истражувањето дека размислуваат или планираат самоубиство. Тие податоци за нас се навистина фрапантни. Станува збор за голем број на луѓе, процентиве звучат малку, меѓутоа се голем број на животи. Она што исто така за нас беше поразувачки е ставовите кои што ги имаат младите во однос на родовата еднаквост. Помеѓу на пример албанските млади, скоро е изендачен процентот помеѓу момчиња и девојчиња, скоро 60% од нив мислат дека местото на жената е во домаќинството, да раѓа деца и да се омажи, а помеѓу нивните македонски врсници исто е шокантен бројот но изнесува 35% сметат дека мајката треба да раѓа деца, а таткото да биде авторитет во домаќинството“, изјави Димитров.
Димитров вели дека Министертсвото за образование сериозно мора да се зафати со носење на акциони планови и политики кои ќе работат на развивање на свеста кај младите и промовирање на родовата еднаквост како и борбата против врсничкото насилство.
„Ние како резултат на ова, изготвивме со група експерти, психолози, психијатри една изјава по моделот на светските здруженија на психолози и психијатри која ќе ја дистрибуираме до релевантните струковни и професионални здруженија во Македонија со која сакаме јасно и јавно да ја потврдат сопствената позиција околу третманот и ставот околу ЛГБТ популацијата со посебен фокус на младите со која што ќе упатат порака и до јавнсота од една страна, но уште позначајно до нивните колеги и во иднина ќе им даде насоки и во работата со млади, меѓутоа и да се спротиставиме на трендот кој што уште постои за патологизација на ЛГБТ популацијата што е навистина не дозволиво имајќи ги во предвид сите научни истражувања и одредби од релевантните меѓународни здруженија“, велат Коалиција МАРГИНИ.
Истражувањето на студијата „Нееднаквости во здравјето и правата на ЛГБТ младите во Северна Македонија“ е спроведено во 149 основни и средни училишта на територија на целата земја, од паралелки со македонски и албански наставен јазик.