Светски ден на штедењето: Трендот на штедење задржан како резултат на довербата во банкарскиот систем – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/19 1:39 PM

Светски ден на штедењето: Трендот на штедење задржан како резултат на довербата во банкарскиот систем

Задржан е трендот на штедење на населенито како резултат на доверба во банкарскиот систем, финансиската писменост важен сегмент за подигнување на свеста за штедењето, на секој поединец и домаќинство.

„Зад штедењето секогаш стои доверба, а довербата во македонскиот банкарски сектор е голема“, рече министерската за финансии, Нина Ангеловска, на настанот по повод „Светскиот ден на штедењето, во организација на Македонската банкарска асоцијација.

„Денарското штедење на анселението го надминува девизното, што укажува на одржување на доверба во домашната валута. Се задржа околноста на штедење на долг рок, пред се во денари, значително е зголемено кредитирањето на фирмите и нефункционалните кредити се задржаа на ниско ниво. Банкарскиот сектор е еден од цврстите столбови на економскиот развој на земјава,  а опстојувањето на ваквата позиција овозможува економските показатели да го задржат нагорниот тренд. Економијата во првата половина од годината бележи раст од 3,6% инсдустриското производство најнов податок од септември продолжи да расте и забележува стапка на раст од 6,1% споредено со истиот месец минатата година. Извозот на стоки за периодот јануари – август 2019 година, изнесува 4,2 милијарди евра и е зголемен за 14,1 % споредено со истиот период минатата година“, изјави Ангеловска.

Таа смета дека новиот дигитален свет носи предизвици во сите сфери. Современите трендови бараат вложување во  нови технологии и ориентирање кон клиентите, но исто времено нудејќи решение кои земјите во развој мора да ги применат заедно со развиените земји.
Гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска Бежовска вели дека нашите граѓани и понатаму предпочитуваат да штедат во банкарски депозити пред останатите расположливи инструменти.

„Традиционалната склоност на нашето население за штедење во банкарски депозити, остана задржано и во последнава декада, што се потврдува преку постојаниот раст на депозитите на домаќинствата кој што со август постигна 9% на годишно ниво. Поволна е структурата на штедење, трендот на денаризација продолжува при што сега околу 60% од вкупните депозити на банките се во домашна валута што е значаен напредок во споредба со периодот од глобалната криза кога во денари беа околу 40% од штедните влогови“, изјави Ангеловска Бежовска.

Амбиентот на ниски каматни стапки што веќе подолго време е наша реланост, се чини дека ќе остане присутен и во следниот период, вели Ангеловска Бежовска и додава дека падот на каматните стапки не влијаело позначително врз склоноста на нашите граѓани за штедење во банките, што е важно за одржување на стабилноста на севкупниот финансиски сектор.