Штип: Малолетник прегазен на пешачки премин – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/19 12:55 PM

Штип: Малолетник прегазен на пешачки премин

Возило удрило во малолетник додека тој поминувал на пешачки премин.пешакот се здобил со телесни повреди.

Според информациите од СВР Штип незгодата се случила вчера во 14.30 часот на улицата ,,Иво Лола Рибар“ во Штип.. кога патнички автомобил „опел корса“, со штипски регистарски ознаки,  управуван од Г.В.(54) од Штип, удрил во малолетен пешак.

Во незгодата пешакот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Штип.