Одобрено обединувањето на „Фиат Крајслер“ и „Пежо“ во заедничка компанија – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/19 12:26 PM

Одобрено обединувањето на „Фиат Крајслер“ и „Пежо“ во заедничка компанија

Управните одбори на „Фиат Крајслер“ и „Пежо“ одобрија обединување на двете компании во заедничка фирма која ќе стане четврти најголем производител на автомобили во светот со очекуван приход од 170 милијарди евра, пренесува АП.

Кога спојувањето ќе биде завршено, првиот човек на „Пежо“, Карлос Таварез, ќе биде извршен директор на новата компанија, додека претседателот на „Фиат крајслер“ ќе биде на истата функција и во новата компанија.

Одлуката за спојување на италијанскиот и на францускиот производител е донесена по пет месеци откако пропадна обидот на „Фиат“ да се обедини со „Рено“.