Во екоград во Мексико ќе живеат 130.000 луѓе и 7,5 милиони садници – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/19 9:48 AM

Во екоград во Мексико ќе живеат 130.000 луѓе и 7,5 милиони садници

„Паметниот шумски град“ треба да биде урбан екосистем што ќе „голта“ 116.000 тони јаглерод диоксид, а во него ќе живеат 130.000 луѓе. Италијанскиот архитект Стефано Боери го претстави својот проект што сака да го смести во Канкун, Мексико.

Треба да се гради на 557 хектари, а во него планира да бидат засадени 7,5 милиони садници од различни видови. Првиот ваков град треба да биде урбан екосистем во кој природата и луѓето ќе функционираат како еден организам.