(видео)Хашиме, тебе Федерика најмногу сака да те бакнува – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/19 7:01 PM

(видео)Хашиме, тебе Федерика најмногу сака да те бакнува

Ова го довикна српскиот претседател Александар Вучиќ кон Хашим Тачи, кој со бакнежи во двата образи се поздрави со шефицата на европската дипломатија во заминување, Федерика Могерини, која синоќа приреди вечера за лидерите од Западен Балкан.
На коментарот на Вучиќ, Тачи не одговори, по што овој додаде дека Тачи се прави дека не разбира српски јазик. На ова Тачи само се насмевна.
На синоќешната проштална вечера во Брисел, освен Вуќиќ и Тачи присуствуваа премиерите на Македонија, БиХ и Црна Гора. Албанскиот премиер, Еди Рама не дојде, поради посетата на Грција.